ФСБ во соопштението додава дека еден од четворицата уапсени признал дека тој лично го донел оружјето што го користеле напаѓачите во Москва.Руските власти вчера соопштија дека привеле група мажи кои планирале акти на насилство, но не дале детали за нивната националност.Најмалку 144 лица загинаа во нападот на 22 март.
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, но руските власти веруваат дека „украинските националисти“ биле вклучени во нападот, тврдење кое Киев го негира.Четворицата мажи кои се обвинети дека се директни извршители на терористичкиот напад во „Крокус Сити Хол“ се етнички Таџикистанци.