„Апелираме со сплотени сили да продолжиме со посета на наставата, со цел да не се изложуваме на дополнителни трошоци (плаќање надоместок за нереализирана настава – 2000 ден.)“, велат од ФСС Економски во известувањето. Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална настава. Од ФСС Економски апелираат до своите колеги да продолжат со посета на наставата за да не се изложувале на дополнителни трошоци, притоа спомнувајќи трошок од 2.000 денари за „нереализирана настава“. „Апелираме со сплотени сили да продолжиме со посета на наставата, со цел да не се изложуваме на дополнителни трошоци (плаќање надоместок за нереализирана настава – 2000 ден.)“, велат од ФСС Економски во известувањето.
Додаваат дека е земена предвид вонредната ситуација и „секој студент кој се чувствува индиректно инволвиран може да поразговара со предметниот професор кој максимално ќе излезе во пресрет на секој кому му е потребно“. Извор: Новинска агенција МЕТА
