Денеска во рамките од 31 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) екипата на Шкендија со 2:1 го совлада Работнички. Во текот на првото полувреме во шестата минута тетовските „црвено-црни“ поведоа со голот на Латифи. Во 33 минута за зголемување на предноста се погрижи Тамба. Скопскиот клуб успеа само да го ублажи поразот во 62 минута од пенал кој го реализираше Далеј.
Така, Шкендија на две кола до крајот ја обезбеди шампионската титула, вкупно петта во нејзината историја. Во следното коло Шкендија требаше да се сретне против Гостивар кој го напушти првенството, па тетовскиот клуб ќе ги добие бодовите. Тиквеш славеше минималн над Беса 1976 со 1:0, а најмногу погодоци имаше на мечот Брера Струмица – Шкупи во кој домаќинот славеше со 4:3. Воска Спорт и Гостивар ја напуштија Првата лига, па службени победи запишуваат Пелистер и Силекс. Во генералниот пласман моментно Шкендија има 67 бодови, пред Силекс со 63, а трет е Работнички со 56.