Репрезентацијата на Македонија за десетина дена ќе ги започне квалификациите за Светското првенство во 2026 година, прво ќе играме против Лихтенштајн во Вадуц на 22 март, а потоа ќе го пречемае Велс три дена подоцна.
На денешната прес-конференција на која беше објавен и списокот на фудбалери за овие два натпревари од Фудбалската федерација на Македонија информираа дека продажбата на билети оди сосема добро. Имено, до денес биле продадени околу 5.000 билети и како што велат од ФФМ никогаш претходно на толку време до еден натпревар не биле продадени повеќе билети. Ваквата ситуација најавува дека македонските фудбалери ќе имаат голема поддршка против квалитетната островска селекција. Покрај Велс и Лихтенштајн во нашата група се уште Белгија и Казахстан.