Елвин Османи
Фудбалски клуб со името Вардар во Скопје имало уште од 1911 година, тој клуб бил познат како Вардар Топаана. Според пишаните документи овој прв клуб со име Вардар со голема мака и напор се трудел да го рашири фудбалот како спорт. Со почетоците на Балканските и Првата светска војна овој клуб како и останатите згаснале. Второто појавување на клубот Вардар е во 1920 година.[1] Денешниот фудбалски клуб Вардар е формиран во 1947 година кога тогашните скопски фудбалски клубови (и воопшто спортски друштва) „Македонија“ и „Победа“ се соедниниле во еден клуб кој го добил името Вардар и препознатливата црвено-црна боја. Првите квалификациони натпревари Вардар ги одиграл против Слога од Нови Сад, со резултати 1:1 во гости и победа од 1:0 во Скопје, Вардар станува член на Првата сојузна лига на Југославија.[1] За времето на сојузната лига на СФРЈ Вардар беше единствениот клуб од Македонија, со што своевидно претставуваше фудбалска репрезенатција на Македонија. Во тие години сите млади и талентирани фудбалери од Македонија играа во Вардар.
За Вардар, најуспешен период беше кога предводен од Дарко Панчев и Илија Најдоски ја освои југословенската прва лига. Со освојување на лигата, Вардар стана единствениот македонски фудбалски клуб кој го освоил југословенското првенство. По распаѓањето на Југославија и составувањето на македонската Прва Лига, Вардар беше еден од најдобрите клубови. Но, следните шест години успехот на Вардар почна да опаѓа, а успесите се враќаат под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски, со освоени две титули во сезоните 2001/02 односно 2002/03. Во сезона 2010/2011 ФК. Вардар испаѓа од прва лига, но по направеното соединување со ФК Миравци останува да се натпреварува во првата лига.