Со измените на Законот за платите во јавниот сектор се планира зголемување на платите на државните функционери во Црна Гора за 30 отсто. Порастот на нивните плати ќе биде во просек за 500 до 600 евра, а на годишно ниво за тоа ќе бидат потребни дополнителни 8,5 милиони евра. За Министерството за финансии на Црна Гора, според она што го даде како објаснување за јавноста, е дека тоа е потреба поради високото ниво на одговорност , но и мотивација
Зголемувањето е планирано од почетокот на следната година. Експертите сметаат дека се неприфатливи дополнителните зголемувања за министри и другите претставници на власта. Зголемувањето уследи по неодамна спроведената економска програма на Владата „Европа сега 2“ со која платите на сите граѓани во земјата треба да се зголемат за најмалку пет отсто.