Поради трагедијата во Кочани во која во ноќен клуб животот го загубија неофицијално над 50 лица сите денешни натпревари кои требаше да се играат на фудбалските терени низ Македонија се откажани. Фудбалската федерација на Македонија изрази сочувство до семејствата на загинатите и информираше дека датумот за одигрување на натпреварот дополнително ќе биде одреден.
„Фудбалската федерација на Македонија ги одложува сите денешни натпревари во сите конкуренции Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите. Изразуваме најискрено сочувство и поддршка. Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции. Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви“, соопштија од ФФМ.