Палестинското милитантно движење Хамас објави соопштение дека го прифатило египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот. Во соопштение движењето наведува дека нивниот врховен лидер Исмаил Ханија ја пренел веста во телефонски разговор со катарскиот премиер и шефот на египетската разузнавачка служба.
Катар и Египет посредуваат во повеќемесечните разговори меѓу Израел и Хамас. Сè уште нема коментари од Израел.Израел вели дека Хамас прифатил „помека“ верзија на договорот за прекин на огнот предложен од Египет, што е „неприфатливо“ за израелските носители на одлуки, според извештаите, пишува „Скај њуз“.
Се наведува дека израелските власти тврдат дека најавата на Хамас се чини дека е измама со цел да се прикаже Израел како страна која не е подготвена да го прифати договорот.Израел претходно денеска најави офанзива врз Рафа, најјужниот град Газа. Повеќе од милион жители се засолниле во градот поради судирите во другите делови на Појасот Газа.