Хамас денеска објави дека добил предлог од посредниците за обновување на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и додаде дека го прифатил. Во исто време, палестинската организација истакна дека се согласила да го ослободи американско-израелскиот заложник Идан Александар (последниот заложник со американско државјанство кој остана жив), како и телата на уште четворица заложници кои останаа во Газа.
🚨𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐈𝐍𝐆:
Hamas will release American citizen Edan Alexander from captivity and the bodies of four Americans held captive by the terror group.
Source: Jerusalem Post pic.twitter.com/o4jNE693tc
— Oli London (@OliLondonTV) March 14, 2025
„Вчера (четврток) делегацијата на Хамас го прими предлогот на посредниците за продолжување на преговорите. Движењето одговорно утринава го даде својот одговор, во кој наведува дека се согласува со ослободување на израелскиот војник Идан Александар, кој исто така има американско државјанство, како и за предавање на телата на уште четворица (заложници) со двојно државјанство“, се наведува во соопштението на палестинската организација. Претставник на Хамас за АФП појасни дека се работи за тела на американско-израелски заложници.