Пишува Саше Ивановски Политико
Веќе подолго време, речици над една деценија трае црната пропаганда и хајка наречена ПРАТЕНИЧКИ ПАТНИ ТРОШОЦИ, и морам да признаам и јас сум учествувал во оваа хајка. Сега од денешна перспектива сметам дека ова е само една од многуте грешки кои сум ги правел во мојата новинарска и медиска кариера. Зошто мислам така?
Сега кога имав семејство па се разведов, ми личи небулозна тезата дека пратениците треба да живеат во Скопје за да заштедат на патни трошоци, со тоа тие ќе се разделат од своите семејства и ќе им пропаднат браковите а децата ќе им растат со еден родител, освен за викенд, иако седници во собрание има и за викенд… Ако пак се алудира на тоа да се преселат целите семејства во Скопје исто така не држи вода затоа што тоа ќе биде голем потрес за децата и брачнит другар од многу аспекти, кариера, ментален стрес поради раскин на пријателства и фамилијарни врски итн…
ОД друга страна пак тезата пратениците да си плаќаат превоз од свој џеб исто не држи вода, така пратениците ќе станат мета на разни поткупи затоа што ќе бидат ставени во лоша финансиска состојба, пратеничката фотеља ќе стане неатрактивна за квалитетни кадри, само шарлатани ќе се пријавуваат за тие места, оние кои и онака не можат да најдат квалитетна добра платена работа, а собранието е преважно за пратеници да бидат шарлатани…
Со оваа црна кампања и хајка кон пратениците, правиме константа деградација на поимот пратеник, небаре тие се лопови, крадци, не заслужиле патни трошоци, иако секој треторазреден директор на агенција која никој не ја знае има личен шофер со службена кола и лична секретарка?! Ова за пратениците е мисловна именка?! Не само што треба на пратениците да им следуваат патни трошоци, туку треба да им следуваат и службени возила и шофери и секретарки за да може да ја обавуваат својата работа квалитетно, да стигаат секаде во својата изборна единица и да се борат за правата и интересите на своите гласачи.
Со тоа што се бориме пратениците да се без патни трошоци, ние граѓаните си даваме автогол! Си ја сечеме гранката на која седиме, како ќе очекуваме пратениците да се борат во собранието со моќните олигарси, лобија, разни моќници кога нема да можат да излезат од зградата на собранието и да ги посетат местата каде живеат нивните гласачи?!