Хусеин Мусави, политички советник на генералниот секретар на либанската група Хезболах, денеска ги нарече плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за евакуација на Палестинците од Појасот Газа „криминални наредби“, се вели во соопштението на Хезболах. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД ќе ја преземат Газа откако Палестинците ќе бидат преселени на друго место и таа е економски развиена, објави Ројтерс.
Ова го изјави на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој беше во посета на САД. Трамп ја опиша својата визија за областа како „Ривиера на Блискиот Исток“. Тој го повтори својот предлог за трајно раселување на Палестинците, нагласувајќи дека тие треба да се преселат во други арапски земји, како Јордан и Египет, и дека Газа во моментов е „само урнатини“, пренесува Танјуг.