„Нашите сестри и браќа беа убиени и повредени синоќа во криминалните ирански напади врз цивилното население во Бат Јам, Тамра и други заедници. Евреи и Арапи, долгогодишни граѓани и нови доселеници, вклучувајќи деца и постари лица, жени и мажи“, напиша Херцог во објава на платформата Икс.
„Ja споделувам големата тага на семејствата и жалам поради ужасната загуба. Се молам за закрепнување на повредените и за пронаоѓање на исчезнатите. Ќе жалиме заедно. Ќе надминеме заедно“, порача израелскиот претседател.Според медиумските извештаи, најмалку осум лица загинаа, а десетици се повредени во серија напади што погодија станбена зграда во Бат Јам, во близина на Тел Авив, и дом во северниот град Тамра. Во Бат Јам продолжува потрагата по околу 20 исчезнати лица.