Според официјалните податоци, во холандското Министерството за одбрана во моментов работат 74.000 професионални војници, цивили и резервисти. Холандското Министерство за одбрана планира да регрутира повеќе луѓе за да ги зголеми своите вооружени сили поради зголемените тензии во светот, објавија денеска холандските медиуми. Иако првичниот план на холандското Министерство за одбрана беше да го зголеми бројот на воени лица на 100.000, извори на кои се повикува порталот „Nos.nl“ наведуваат дека желбата во Хаг е армијата да брои дури 200.000 припадници. Според официјалните податоци, во Министерството за одбрана во моментов работат 74.000 професионални војници, цивили и резервисти. Има околу 42.000 професионални војници, од кои пет илјади жени.
Министерот Тајман рече дека се уште не размислува за воен рок, но дека не ја исклучува можноста за воведување, како што вели, „невообичаени“ мерки. – Доколку ситуацијата во светот се влоши, би можеле да размислиме, но сè уште не – рече Тајман.