Фото: Dzmitry Skazau / Alamy / Alamy / Profimedia
Хормонската терапија во менопаузата може да биде поврзана со зголемен ризик од деменција и Алцхајмерова болест, според една голема данска студија објавена во „The BMJ“. Како што сугерира студијата, не само долгорочната употреба на лекови, туку и краткотрајната употреба кај жени помлади од 55 години се смета за ризична, пишува „СајТекДејли“ (SciTechDaily).
Овие резултати се во согласност со најголемото клиничко испитување на оваа тема, а истражувачите бараат дополнителни студии за да „тестираат дали забележаната поврзаност помеѓу хормонската терапија и повисокиот ризик од деменција е причинска“.
– Деменцијата погодува повеќе жени отколку мажи ширум светот. Дури и кога се земаат предвид разликите во очекуваниот животен век, појавата на деменција е почеста кај жените отколку кај мажите, што сугерира дека факторите на ризик се поврзани со женскиот пол. Испитавме 5.589 лица со деменција, што е 1,8 отсто од поединците во вкупната целна популација и ги споредивме со 55.890 лица без знаци на деменција. Сето ова е направено помеѓу 2000 и 2018 година – се наведува во студијата.
Нивните резултати покажаа дека во споредба со луѓето кои никогаш не користеле хормонска терапија, пациентите кои користеле терапија со естроген-прогестин имале 24 отсто помал ризик од развој на деменција и Алцхајмерова болест, дури и кај жените помлади од 55 години. Резултатите биле слични меѓу оние жени кои секојдневно ја користеле терапијата и оние кои ја користеле циклично.
Како што е нагласено, ова е опсервациска студија, па истражувачите не можат да ја откријат причината за зголемениот ризик, ниту да ја исклучат можноста жените кои користеле хормонска терапија да немале предиспозиција за двата вида проблеми.
– Според оваа студија, со тоа што во неа учествувала голема група на луѓе, користена е многу добра метода за идентификување на деменција и речиси целосна историја на лекување. Сепак, ова е опсервациска студија и потребни се дополнителни испитувања за да се открие врската помеѓу хормонската терапија и деменцијата – се наведува во студијата.