Четиринаесетгодишно момче е избодено со нож до смрт во градот Вилах, живописна идила во подножјето на Алпите во Австрија, објави Билд. За нападот се сомничи 23-годишен државјанин на Сирија, кој во Австрија имал дозвола за престој. Едно лице во моментов е подложено на итна операција, а други лица се тешко повредени бидејќи откако го убил момчето, продолжил и кон други луѓе што биле во непосредна близина. Сите жртви се мажи и не е позната поврзаноста меѓу нив и напаѓачот.
Видеата од апсењето покажуваат дека сторителот се смее, вели Рајнер Дионисио за Билд.
Во меѓувреме, еден од сонародниците на осомничениот стана херој.
42-годишен доставувач на храна, кој исто така е Сириец, го набљудувал злосторството. Потоа со возилото го удри сторителот“, изјави Дионисио. Мотивот на храбриот спасител: „За да не се случи ништо повеќе“.