Полицијата од ОВР Делчево синоќа го приведе 34-годишниот Б.М., постапувајќи по претходна пријава дека силувал 14-годишно девојче.
– На 25.05.2025 во 20:10 часот во делчевско село, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Б.М.(34) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз 14-годишно девојче од селото – соопштија од МВР. Со случајот е запознаен јавен обвинител.