Во стан во Загреб синоќа се случило убиство. Како што пренесуваат локалните медиуми, двајца мажи, кои заедно консумирале алкохол, физички се пресметале, при што еден од нив починал од здобиените повреди. Сè се случило околу 20 часот каде мажите на возраст од 39 и 31 година физички се пресметале, а помладиот починал од повредите, соопшти полицијата.
Според информациите, малку подоцна бил пронајден 39-годишниот осомничен, кој бил приведен во полициска станица за кривична истрага која е во тек. Засега не е познат мотивот за тепачката, ниту пак врската меѓу двајцата мажи.