Дваесет нови лица се хоспитализирани во кочанската болница по пожарот кој се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Меѓу хоспитилизираните се и тројца пожарникари.
„Хоспитализирани се нови 20 случаи, вклучувајќи три пожарникари. Со тоа и покрај преносот во странство бројот на хоспитализирани е околу 90 повредени и тоа во Клинички центар 60 лица, ГОБ 8 септември 17 лица и Св. Наум Охридски 12 лица. На тоа треба да се додадат 8 повредени во Аџибадем Систина и 6 повредени во Жан Митрев. Денеска во странство се пренесени 24 повредени и тоа 13 во Србија, Словенија двајца повредени, Литванија четири, Бугарија еден, Австрија четири (Виена, Грац). Во Србија едно лице е во КЦ Ниш, во ВМА се четири лица и КЦ Белград се осум повредени. Вкупниот број на повредени во странство е 73. Се очекуваат нови транспорти ноќеска во Атина, Грција и Загреб, Хрватска“, напиша директорот на фондот за здравство Клековски на фејсбук.