Хотелско-туристичкиот комплекс „Бисер“ е лоциран на западниот брег на Охридското Езеро, и е оддалечен само неколку километри од градот на поезијата Струга. Местоположбата ја карактеризира богатство на пејзажи, на споменикот од историското наследство-манастирските конаци, како и крајно неповолна теренска топографија. Токму во тие и такви теренски специфичности творецот Паскали ја гради основната идеја на хотелскиот простор. Крајниот резултат е поволен: добиен е современ објект со современ ликовен израз надополнет со елементи од традиционалното градителство.
View this post on Instagram