Популарната поп пејачка Калиопи одржа концерт во Хрватска, во салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб, а настанот поминал во еуфорична атмосфера. Како што пренесуваат хрватските медиуми, таа пеела повеќе од два часа, додека публиката уживала во нејзините уникатни вокални способности. Покрај бендот кој ја придружувал, на сцената покрај неа застанале и Жељко Самарџиќ и Влатко Стефановски. Со Самарџиќ ја го отпеале дуетот „Знам“, а пак со Стефановски ја извеле „Калеш бре Анѓо“. На крај на концертот, хрватската публика не ја пуштала Калиопи да си оди и двапати ја враќале на бис. На бисот ги отпеала „Роѓени“ (позната и како „Бато“) и евровизиската „Црно и бело“.
Инаку, концертната сала „Ватрослав Лисински“, каде настапи Калиопи е една од најпознатите во Хрватска, изградена во 1973 година и е место каде се одржани концерти на најголемите светски музички имиња, помеѓу кои Тина Тарнер, Стинг, Диана Крал, Ела Фицџералд, Монсерат Кабале, Лучано Павароти и многу други. Таму во 1990 година се одржа и Евровизија, откако претходната година победи Југославија со групата „Рива“.