Годинашното издание на Изборот на песна за Евровизија е сè поблиску, а обожавателите на овој музички настан веќе го избраа својот фаворит за победа – хрватскиот претставник Марко Пуришиќ, попознат како Бејби Лазања. По втората проба во шведскиот град Малме, каде што ќе се одржи фестивалот, хрватската песна „Рим тим таги дим“ повторно се искачи на првото место на обложувалниците. Во моментов, Бејби Лазања има 24 отсто шанса за победа, а второпласираниот швајцарски претставник Немо има 17 отсто шанса за победа. Дополнително, ова е најголемиот процент што го имал хрватскиот претставник на обложувалниците.
На 29 февруари, Бејби Лазања се најде на првото место на обложувалниците и на тоа место остана еден месец. Потоа го претекна швајцарскиот претставник, а тој го задржа второто место 31 ден.Сега, како што дознава „Слободна Далмација“ од упатен извор, Хрватската радио телевизија побарала од Арена Загреб да не резервира никакви концерти или настани во април следната година и дел од мај. Ова би значело дека доколку победи Бејби Лазања – Евровизија доаѓа во Загреб. Да потсетиме, првото полуфинале ќе се одржи на 7 мај, второто на 9 мај, а големото финале на 11 мај.