„Сегашната трговија меѓу двете земји е околу 250 милиони долари, што во моментов е основа за поголема трговија. Веруваме дека иницијативата на Моди за воспоставување економски коридор меѓу Индија, Блискиот Исток и Европа е одлична можност за поврзување на Хрватска, како медитеранска порта кон Централна Европа, со Индија и нејзината економија и пазар“, рече Пленковиќ.
Тој рече дека Хрватска претседава со Иницијативата „Три мориња“, која ги поврзува Балтичкото, Црното и Јадранското Море, и дека овој коридор на тој начин би можел да добие „многу поширока централноевропска димензија“.Како што кажа индискиот премиер, „Хрватска и Индија ќе утврдат план што ќе се фокусира не само на обука и размена, кога станува збор за војници, туку и на целата одбранбена индустрија“.И двајцата апелираа за деескалација на Блискиот Исток, како и за мирни решенија за конфликтите и споровите во другите делови од светот.