На местото Локва Рогозница во Јадранското море бил забележан атлантски лосос. „Додека бев на копно видов дека во мојата мрежа се заплетка лосос на само четири метри под вода. Во мрежата беше лосо од 2,2 килограми. Го извадив од мрежата, го ставив во кофа со вода и ги испратив на институт бидејќи не знаев за која риба станува збор“, вели хрватски рибар за Нов лист.
Лососите во Јадранското море почнале да се забележуваат пред извесно време откако побегнале од Велебитскиот канал. Загрижува фактот дека се забележуваат во Далмација бидејќи лососите се предатори и ги загрозуваат автохтоните врсти на риба. Засега нема информација колку лососи има во Далматинското крајбрежје.