Пазарната инспекција на Хрватска досега извршила 1.450 контроли за спроведување на одлуката за замрзнување на цените што стапи на сила на 7 февруари. Во 392 контроли е утврдено дека трговците не истакнале визуелна идентификациска ознака за 1.200 производи (артикли), додека за 354 категории на производи е утврдено дека трговците не поставиле цена за најмалку еден артикл до највисокото ниво на дозволената цена, а истата ја нудат во понудата.
Државниот инспекторат наведува дека се продаваат 676 производи без визуелна ознака за идентификација, додека 210 производи се продаваат по малопродажна цена повисока од максимално дозволената цена. Најмногу прекршоци се однесуваат на највисоката цена на млекото (вкупно 66), јогуртот (76), оризот (66), гелот за туширање (66) и хигиенските салфети (60). Дополнително, не беа истакнати визуелни ознаки за барем една ставка од одредена категорија со замрзната цена. Најголем дел од ваквите прекршоци се однесуваат на леб (73), колачи (45), колбаси (44). „Пазарната инспекција на Државниот инспекторат ќе ги преземе законски пропишаните прекршочни мерки за констатирани прекршоци“, соопштија од Инспекторатот, пренесува Даница.хр.