Оваа посета е потврда на европската перспектива на Македонија и на Западниот Балкан. Како премиер, ја пренесов нашата јасна заложба за европскиот пат, со почит кон нашиот идентитет и национално достоинство. Потребни се взаемно разбирање и искрен дијалог, не уцени. Односите со соседите мора да се темелат на европски вредности. Ние сме решени за реформи, борба против корупција, економски развој, подобро образование, ефикасна администрација. Европа не треба да значи самозаборав. Македонија е мала земја со голема волја. Благодарност за поддршката, нашиот глас е гласот на искрениот македонски народ што никогаш не се откажал од европскиот сон.
View this post on Instagram