Со денешното отворање на заедничкиот граничен премин „Блаце – Елез Хан“, Македонија и Косово не само што го модернизираат својот граничен премин, туку испраќаат силна порака за нова ера на соработка, доверба и европски вредности.
Овој „One stop shop“ премин значи побрз проток на луѓе и стоки, помалку бирократија, повеќе ефикасност и поврзаност. Границата од денес не е ѕид – таа е мост. Мост на економска размена, културна соработка и заедничка иднина. Овој проект покажува дека кога постои политичка волја, визија и искреност, сè е возможно. Иднината на регионот започнува овде, со едно застанување и две држави што гледаат во иста, европска насока.
View this post on Instagram