Констатирано е дека владата е стабилна и силна, и дека ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која беше наследена. Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој. Општинските комитети се силно мотивирани и подготвени за избори, на кои се очекува огромна победа. Истакнав дека Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати кои се последица на реформите превземени во изминатиот период, и дека целта е економска стабилност и просперитет на сите граѓани. Информирав дека во идниот период продолжуваат испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кои покажуваат неколукратна предност пред политичките конкуренти, но и дека треба да исполни одговорноста на превземените ветувања пред граѓаните.
View this post on Instagram