16.8 C
Скопје
03/06/2025 23:27
МАКТЕЛ

   

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

      

Во рамки на Планот за раст на ЕУ, за Северна Македонија се планирани 750 милиони евра, наменети за спроведување на реформи. Сепак, во јавноста постоеја многу прашања во врска со тоа како ќе се користат овие средства. За да се разјаснат многу од овие дилеми, Порталб.мк разговараше со шефот на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Штефен Худолин. Тој ја објасни стратегијата зад финансиската поддршка, клучната улога на реформските агенди и како ЕУ овозможува граѓаните да почнат да ги чувствуваат придобивките од интеграцијата уште пред формалното членство. Меѓу другото, тој изјави дека средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не пред тоа. Автор на интервјуто: Фисник Џелили

Порталб.мк: Пред две години, Европската комисија го претстави Планот за раст за Западен Балкан. Кажете ни повеќе за него. Штефен Худолин: Точно така, во мај 2023 година, Европската комисија го претстави Планот за раст за Западен Балкан како иницијатива која ќе ги приближи земјите од регионот до Европската унија, имајќи предвид дека проширувањето е еден од главните приоритети на оваа Европска комисија. Планот за раст беше воведен како алатка која ќе помогне во трансформацијата на општествата во Западен Балкан и ќе донесе конкретни придобивки за граѓаните – не само по влезот во ЕУ, туку и сега. Сакам да нагласам дека Планот за раст не е замена за членството во ЕУ. Тоа е сигнал за нашата посветеност. Сакаме граѓаните на Западен Балкан да ги почувствуваат придобивките од европската интеграција денес, а не некој ден во иднина.

   

Што се однесува до процесот – за да може секоја земја да има корист од Планот за раст, потребно беше да подготви Реформска агенда, која претставува патоказ за трансформација во согласност со клучните реформи договорени со Европската комисија. Северна Македонија беше првата земја што ја поднесе својата Реформска агенда, која беше одобрена на 23 октомври 2024 година со одлука на Европската комисија, по позитивно мислење од земјите членки. По позитивната проценка, Северна Македонија исто така стана и првата земја што доби предфинансирање. Порталб.мк: Што во пракса значи предфинансирање и финансирање?

Штефен Худолин: Предфинансирањето претставува почетна поддршка што ја обезбедува Европската комисија за спроведување на реформите предвидени со Реформската агенда. За Северна Македонија, предфинансирањето изнесуваше 52,5 милиони евра – отприлика 7% од вкупната распределба за земјата, која изнесува 750 милиони евра. Идните исплати се поврзани со соодветна распределба и може да се искористат по целосно спроведување на чекорите предвидени со Реформската агенда. Согласно планираниот распоред за финансирање, средствата ќе се префрлат на Министерството за финансии.

Порталб.мк: Колку средства досега се доделени на Северна Македонија од Планот за раст?

Штефен Худолин: Досега, Северна Македонија има добиено предфинансирање во износ од 24,4 милиони евра, кои беа префрлени во државната каса (државниот буџет) во март 2025 година. Преостанатите 28,1 милион евра ќе се распределат преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и ќе бидат наменети за поддршка на конкретни инфраструктурни проекти. Порталб.мк: Можете ли подетално да објасните што во пракса значат овие средства: буџетска поддршка, грантови и заеми и за што ќе се користат? Штефен Худолин : Формулата за распределба на средствата од Механизмот за Планот за раст е иста за сите земји од Западен Балкан. Средствата се доделуваат во форма на грантови и заеми, согласно Одлуката на Европската комисија.

Имено, една третина од вкупните средства се обезбедуваат како неповратни грантови, а две третини како поволни заеми. Сите овие средства се наменети за поддршка на клучните реформи договорени со Европската комисија, распределени во пет стратешки области на политика: управување, со фокус на јавната администрација и јавните финансии, деловна средина и развој на приватниот сектор, зелена и дигитална транзиција, инвестиции во човечки капитал и зајакнување на владеењето на правото и основните принципи. Покрај реформите кои ќе се поддржат со заеми преку државната каса, останатите средства – комбинација од грантови и заеми – ќе се реализираат преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Порталб.мк: Можете ли да ни дадете конкретни бројки за тоа колку пари ќе се користат за секоја област?

Штефен Худолин: Ако внимателно ги погледнете анексите на Реформската агенда, ќе видите дека за секоја реформа во рамки на петте области на политика постои одредена финансиска рамка. Средствата се програмирани според сложеноста на секој чекор. На пример, да ја земеме областa на управување, каде што листата на реформи ги опфаќа подобластите Управување со јавни финансии (УЈФ) и Реформа на јавната администрација (РЈА). За УЈФ предвидени се 13 реформски чекори во износ од 74.928 милиони евра, а за РЈА 8 чекори со вредност од 36.394 милиони евра. Областа на енергетска/зелена транзиција е проценета на 145.575 милиони евра, а областа на енергетска/дигитална транзиција на 50.309 милиони евра. Областа на човечки капитал е проценета на 83.491 милиони евра, областа на развој на приватниот сектор и деловното опкружување на 193.743 милиони евра, а реформските чекори во рамки на областа на владеење на правото и на темелни вредности на 148.786 милиони евра. Апсорпцијата на овие средства зависи од надлежните национални институции и од нивната брзина во спроведувањето на реформите. Важно е да се напомене дека постои и едногодишен грејс период за реализација на чекорите, доколку почетниот план не биде исполнет.

Порталб.мк: Како се префрлаат парите, пред или по спроведувањето на реформите? Штефен Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред. На секои шест месеци, земјите можат да побараат исплата врз основа на реформските чекори што ги имаат завршено. Потоа, Европската комисија оценува дали сите услови се исполнети. По позитивна оценка, средствата се ослободуваат. Порталб.мк: Како се мери успешноста на реформите, особено во поглавјето Темелни вредности? Штефен Худолин: Ние се потпираме врз јасни индикатори – квалитативни и квантитативни – кои се договорени заеднички, од страна на Европската комисија и земјата партнер. Дополнително, при оценувањето секогаш ги консултираме изворите на верификација. За нас е клучно да потврдиме дека овие реформи навистина се спроведуваат и дека имаат конкретно влијание на терен. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Деветгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено, го прегазил возач од Чегране

Sase Ivanovski

Жена од Илинден, некој од Радуша и маж од Стајковци се тепале во Гази Баба

Sase Ivanovski

Критиките за Славески се неосновани – избран е поради стручноста, уверува Сиљановска Давкова

Sase Ivanovski

Божиновска: Соларни покриви, стабилни сметки

Sase Ivanovski

Гази Баба: Градоначалникот одведе шестоодделенци да гледаат вежба на полициски кучиња

Sase Ivanovski

Тинејџери нападнале и снимале малолетничка во круг на скопско училиште – заработија кривични

Sase Ivanovski

СДСМ: Очигледно Мицкоски живее во паралелен свет, целосно отсечен од реалноста во која луѓето во Македонија едвај врзуваат крај со крај, се борат со поскапувања, мизерни плати, празни паричници и празни фрижидери

Sase Ivanovski

Одземање на пасошот и мерки на претпазливост бара ОЈО од лице осомничено дека ја гради шесткатната зграда во Чаир на диво

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова рече дека Трајко Славески не бил нејзин избор за гувернер на Народна банка

Sase Ivanovski

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИРЛ: Фирма на Вице Заев за време на енергетската криза во 2023-та инкасирала 9 милиони евра за набавка на јаглен во РЕК Битола

Sase Ivanovski

ДУИ ГРАДИ НЕЛЕГАЛНО 20 ГОДИНИ, ЕДНА СЕДНИЦА НЕ МЕНУВА НИШТО Кирков ја замоли Данела да не прави театар

Sase Ivanovski

ТУРЦИЈА ОТВОРА 27 ИСТОРИСКИ МЕСТА ЗА НОЌНИ ПОСЕТИ Проектот „Ноќни музеи“ им овозможува на туристите да истражуваат повеќе

Sase Ivanovski

МЕЧКА НАПАДНА ЖЕНА Жртвата се бори за живот, а Словенија даде дозвола за отстрел на 200 мечки за спас од наездата на кафеави мечки

Sase Ivanovski

Сериски крадец „здиплил“ лаптопи од канцеларијата на градоначалникот на Гази Баба

Sase Ivanovski

ЗДРАВЈЕ НА ЧИНИЈА „MIND диетата“ може да го намали ризикот од деменција и до 25 отсто

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ Е СВЕТСКИ ПОЗНАТ ЕКСПЕРТ КОЈ ЗАД СЕБЕ НЕМА АФЕРИ Сиљановска Давкова ги отфрли критиките за гувернерот

Sase Ivanovski

ПО 10.000 ЕВРА ЗА МЛАДИТЕ КОИ ЌЕ ОТВОРАТ СТАРТАП Владата најави поддршка за сите кои ќе сакаат да се вработат

Sase Ivanovski

НАЈСТРОГО ЧУВАНАТА ТАЈНА ЗА МАШКАТА СЕКСУАЛНОСТ НА ВОЗРАСТ 60+ Мастурбацијата – табу или лек?

Sase Ivanovski

РЕНТАЛ ПРОСТИТУТКИ, ИМА БОГАТО ХУЛИГАНСКО МИНАТО Кој е новиот претседател на Полска?

Sase Ivanovski

МОЖЕТЕ ЛИ ДА ИЗДРЖИТЕ ЕДЕН ДЕН БЕЗ МОБИЛЕН? Како дигиталната детоксикација ги менува мозокот, телото и расположението

Sase Ivanovski

ГЛАД ЗА ДОПИР Дали на момчињата навистина не им требаат прегратки?

Sase Ivanovski

СЀ ШТО ТРЕБА ДА СЕ РАЗНЕСЕ, ЌЕ СЕ РАЗНЕСЕ, А ОНИЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИСТРЕБАТ – ЌЕ ИСЧЕЗНАТ Целта на Русија е целосна победа, посочи Медведев

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е НА ЧЕТВРТО МЕСТО ВО ЕВРОПА СПОРЕД РАСТОТ НА БДП ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Пред нас се само Ирска, Данска и Полска

Sase Ivanovski

(Видео) Поплавен пазар во Битола: „Одличен пример за скандинавско езеро“

Sase Ivanovski

МНР ќе троши 4.3 милиони денари за ресторански и хотелски услуги во земјава

Sase Ivanovski

УКИМ испадна од листата најдобри 2.000 универзитети во светот

Sase Ivanovski

За Бугарија извештајот на ЕП за Македонија бил необјективен. Бара истрага

Sase Ivanovski

Пијан возач во Пробиштип со автомобилот удрил во дрво

Sase Ivanovski

Албанија наскоро би можела да ја престигне Хрватска и да има дури 30 милиони туристи

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Руски цивили фрлаат камења кон украински дронови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СО ЕДЕН ТОН ЕКСПЛОЗИВ ДЕТОНИРАН КРИМСКИОТ МОСТ Се појавија снимки од уништувањето

Sase Ivanovski

СДСМ: Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има!

Sase Ivanovski

„Од горчина и мед“ – поделениот и сложен идентитет и скршените срца

Sase Ivanovski

Андоновски: Во соработка со МВР работиме на дигиталниот паричник за сите граѓани

Sase Ivanovski

Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Опструкциите на владата ја кочат работата на Општина Карпош, во школо со 25 деца со пречки во развојот немаме дефектолог затоа што владата не дозволува вработување

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Од две градинки во Карпош правиме една, бидејќи нема персонал, владата не дозволува нови вработувања, се пожали Јакимовски

Sase Ivanovski

Левица: Соработничка на Меџити добива државни пари од три институции

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки, туку реална слика на општествената реалност

Sase Ivanovski

На 12 јуни ќе се бира новиот министер за здравство, порача премиерот

Sase Ivanovski

Филипче: Го слушам премиерот Мицкоски како ја цитира Библијата, ако продолжи вака ни Господ нема да му помогне

Sase Ivanovski

Прегазено е деветгодишно девојче во Гостивар

Sase Ivanovski

АРСОВСКА: Затоа што по јавна наредба ботовите на Висар Вики Ганиу се пуштени на најјако да полемизираат на тема Водовод, не дека им мисли главата туку дека крими шефот така им рекол, да појаснам за јавноста

Sase Ivanovski

Огњен Лазиќ ја презема функцијата генерален директор на Пивара Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костовски: Зошто Мицкоски ја штити Кристина Јованова, инспекторка за економски криминал?

Sase Ivanovski

Мајката на исчезнатата Марија за „Фокус“: Ова е вистината за нашата ќерка, а обвинителството конечно да излезе на прес и да ги каже деталите од истрагата!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЕРОВСКИ: И да има бегалски кампови, тие ќе бидат привремени, кој сака да остане во земјава?!

Sase Ivanovski

ОЈО утврди дека објектот во Чаир е дивоградба, отворена постапка против инвеститорот

Sase Ivanovski

Ова што се случува меѓу градоначалниците е предизборен циркус, вели Тошковски

Sase Ivanovski

Битката околу дивоградбите се префрла во градскиот Совет: Денеска две вонредни седници, една побара СДСМ, друга ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Тошковски: Судот му го вратил пасошот на Јахоски за да патува, МВР постапува по нивните одлуки

Sase Ivanovski

Маж од Прилепско истепан од својот колега во фабрика во Жабени

Sase Ivanovski

Приведен скопјанецот кој ѝ се заканувал на Арсовска, полицијата го расчистува случајот

Sase Ivanovski

Приведен кавадарчанец кој си ја натепал сопругата

Sase Ivanovski

Најновата бугарска резолуција за Сиљановска-Давкова е навредлива: Во некоја друга држава би следувала иста таква декларација

Sase Ivanovski

Гази Баба со 3.000 денари за секое прваче

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Опожарена депонија близу Арачиново

Sase Ivanovski

Над 500 пешаци биле казнети во мај поради непочитување на сообраќајните правила

Sase Ivanovski

Двајцата заболени со мајмунски сипаници се под здравствен надзор, изолирани дома – нивните контакти досега не пројавиле симптоми

Sase Ivanovski

Приведен скопјанец за издржување казна затвор од 11 години

Sase Ivanovski

Јакимовски размислува за уште еден мандат, не сака Карпош да го остави на кого било

Sase Ivanovski

ДУИ ќе настапи со отворени листи на следните парламентарни избори

Sase Ivanovski

Арсовска до Мицкоски: И покрај заканите јас не се повлекувам, за сè имам докази

Sase Ivanovski

Марта Кос се нуди како олеснувач во разговорите меѓу Бугарија и Македонија

Sase Ivanovski

Договорот со Обединетото Кралство е извонреден, смета Сиљановска-Давкова

Sase Ivanovski

По две децении, уапсен командант Бреза во Ченто и спроведен во затворот во Шутка

Sase Ivanovski

Тошковски: Прашање е како е донесена одлука да му се врати патната исправа на Јахоски, а не зошто МВР постапило согласно судска одлука

Sase Ivanovski

Се забрануваат протести пред Собрание, Африм Гаши бара прогласување безбедносна зона околу зградата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЧ НЕ Е ПАМЕТНО ДА ПЛАНИНАРИШ НА АКТИВЕН ВУЛКАН, ВАКА БЕГАА ВЧЕРА НА ЕТНА

Sase Ivanovski

Грчките електро компании го најавија бранот летни поскапувања на струјата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пет полицајци убиени во заседа на наркобандите во Мексико

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Активисти украдоа восочна фигура од Макрон и ја поставија пред руската амбасада во Париз

Sase Ivanovski

АЕК ја чека одлуката за натпреварот со Алкалоид со многу проблеми: Навивачите бесни по поразот од Олимпијакос

Sase Ivanovski

Напаѓачот од Колорадо цела година го планирал нападот врз Евреите: Би го направил тоа повторно

Sase Ivanovski

14-годишен Палестинец убиен од израелски оган на Западниот Брег

Sase Ivanovski

Најмалку петмина загинати во руските напади во Донецк и Харков

Sase Ivanovski

Израелските сили пукале врз Палестинците на 500 метри од дистрибутивниот центар во Рафа

Sase Ivanovski

Орбан: Руско-украинската војна добива загрижувачки нов пресврт, се продлабочува

Sase Ivanovski

Пратеници од Левица се сретнаа со францускиот амбасадор

Sase Ivanovski

Пратениците ќе ја „чешлаат“ работата на Судскиот совет

Sase Ivanovski
Вчитувам....