18.5 C
Скопје
14/05/2025 16:53
МАКТЕЛ

     

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

      

Во рамки на Планот за раст на ЕУ, за Северна Македонија се планирани 750 милиони евра, наменети за спроведување на реформи. Сепак, во јавноста постоеја многу прашања во врска со тоа како ќе се користат овие средства. За да се разјаснат многу од овие дилеми, Порталб.мк разговараше со шефот на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Штефен Худолин. Тој ја објасни стратегијата зад финансиската поддршка, клучната улога на реформските агенди и како ЕУ овозможува граѓаните да почнат да ги чувствуваат придобивките од интеграцијата уште пред формалното членство. Меѓу другото, тој изјави дека средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не пред тоа
Порталб.мк: Пред две години, Европската комисија го претстави Планот за раст за Западен Балкан. Кажете ни повеќе за него

Штефен Худолин: Точно така, во мај 2023 година, Европската комисија го претстави Планот за раст за Западен Балкан како иницијатива која ќе ги приближи земјите од регионот до Европската унија, имајќи предвид дека проширувањето е еден од главните приоритети на оваа Европска комисија. Планот за раст беше воведен како алатка која ќе помогне во трансформацијата на општествата во Западен Балкан и ќе донесе конкретни придобивки за граѓаните – не само по влезот во ЕУ, туку и сега.

Сакам да нагласам дека Планот за раст не е замена за членството во ЕУ. Тоа е сигнал за нашата посветеност. Сакаме граѓаните на Западен Балкан да ги почувствуваат придобивките од европската интеграција денес, а не некој ден во иднина. Што се однесува до процесот – за да може секоја земја да има корист од Планот за раст, потребно беше да подготви Реформска агенда, која претставува патоказ за трансформација во согласност со клучните реформи договорени со Европската комисија. Северна Македонија беше првата земја што ја поднесе својата Реформска агенда, која беше одобрена на 23 октомври 2024 година со одлука на Европската комисија, по позитивно мислење од земјите членки. По позитивната проценка, Северна Македонија исто така стана и првата земја што доби предфинансирање.

Порталб.мк: Што во пракса значи предфинансирање и финансирање?

   

Штефен Худолин: Предфинансирањето претставува почетна поддршка што ја обезбедува Европската комисија за спроведување на реформите предвидени со Реформската агенда. За Северна Македонија, предфинансирањето изнесуваше 52,5 милиони евра – отприлика 7% од вкупната распределба за земјата, која изнесува 750 милиони евра. Идните исплати се поврзани со соодветна распределба и може да се искористат по целосно спроведување на чекорите предвидени со Реформската агенда. Согласно планираниот распоред за финансирање, средствата ќе се префрлат на Министерството за финансии.

Штефен Худолин. Фото: Делегација на ЕУ во Северна Македонија.

 

Порталб.мк: Колку средства досега се доделени на Северна Македонија од Планот за раст?

Штефен Худолин: Досега, Северна Македонија има добиено предфинансирање во износ од 24,4 милиони евра, кои беа префрлени во државната каса (државниот буџет) во март 2025 година. Преостанатите 28,1 милион евра ќе се распределат преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и ќе бидат наменети за поддршка на конкретни инфраструктурни проекти.

Порталб.мк: Можете ли подетално да објасните што во пракса значат овие средства: буџетска поддршка, грантови и заеми и за што ќе се користат?

Штефен Худолин: Формулата за распределба на средствата од Механизмот за Планот за раст е иста за сите земји од Западен Балкан. Средствата се доделуваат во форма на грантови и заеми, согласно Одлуката на Европската комисија. Имено, една третина од вкупните средства се обезбедуваат како неповратни грантови, а две третини како поволни заеми. Сите овие средства се наменети за поддршка на клучните реформи договорени со Европската комисија, распределени во пет стратешки области на политика: управување, со фокус на јавната администрација и јавните финансии, деловна средина и развој на приватниот сектор, зелена и дигитална транзиција, инвестиции во човечки капитал и зајакнување на владеењето на правото и основните принципи. Покрај реформите кои ќе се поддржат со заеми преку државната каса, останатите средства – комбинација од грантови и заеми – ќе се реализираат преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Порталб.мк: Можете ли да ни дадете конкретни бројки за тоа колку пари ќе се користат за секоја област?

Штефен Худолин: Ако внимателно ги погледнете анексите на Реформската агенда, ќе видите дека за секоја реформа во рамки на петте области на политика постои одредена финансиска рамка. Средствата се програмирани според сложеноста на секој чекор. На пример, да ја земеме областa на управување, каде што листата на реформи ги опфаќа подобластите Управување со јавни финансии (УЈФ) и Реформа на јавната администрација (РЈА). За УЈФ предвидени се 13 реформски чекори во износ од 74.928 милиони евра, а за РЈА 8 чекори со вредност од 36.394 милиони евра. Областа на енергетска/зелена транзиција е проценета на 145.575 милиони евра, а областа на енергетска/дигитална транзиција на 50.309 милиони евра. Областа на човечки капитал е проценета на 83.491 милиони евра, областа на развој на приватниот сектор и деловното опкружување на 193.743 милиони евра, а реформските чекори во рамки на областа на владеење на правото и на темелни вредности на 148.786 милиони евра. Апсорпцијата на овие средства зависи од надлежните национални институции и од нивната брзина во спроведувањето на реформите. Важно е да се напомене дека постои и едногодишен грејс период за реализација на чекорите, доколку почетниот план не биде исполнет.

Штефен Худолин Фото: ЕУ Делегација во РСМ

Порталб.мк: Како се префрлаат парите, пред или по спроведувањето на реформите?

Штефен Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред. На секои шест месеци, земјите можат да побараат исплата врз основа на реформските чекори што ги имаат завршено. Потоа, Европската комисија оценува дали сите услови се исполнети. По позитивна оценка, средствата се ослободуваат.

Порталб.мк: Како се мери успешноста на реформите, посебно во поглавјето „Темелни вредности“?

Штефен Худолин: Ние се потпираме врз јасни индикатори – квалитативни и квантитативни – кои се договорени заеднички, од страна на Европската комисија и земјата партнер. Дополнително, при оценувањето секогаш ги консултираме изворите на верификација. За нас е клучно да потврдиме дека овие реформи навистина се спроведуваат и дека имаат конкретно влијание на терен.

Автор: Фисник Џелили 

   

Најново

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Ахмети: ДУИ ќе ја брани Кичево, албанските кадри ќе продолжат да управуваат

Sase Ivanovski

Косовец обвинет за сајберкриминал екстрадиран во САД

Sase Ivanovski

Апелација го осудила без да го извести за седница – зошто Врховен ја укина пресудата на Јованов за дрога?

Sase Ivanovski

Полска откри обид за мешање во претседателските избори, Германија уапси тројца руски шпиони

Sase Ivanovski

Вицепремиерот Фетаи покажа добро владеење кон Мицкоски, во вторник Таравари ќе се збогува со функцијата

Sase Ivanovski

Жители на Шутка се жалат на градскиот превоз: Нема доволно 19-ки, не можеме ни да појдеме ни да се вратиме од работа

Sase Ivanovski

Мицковски незнаел дека има големи поскапувања но ако се уверел ќе воведел мерки до крајот на годинава

Sase Ivanovski

17 ученици од 4 одд. од ОУ Јан Амос Коменски не одат на настава поради насилен соученик

Sase Ivanovski

Нова дигитализација во ОКТА за уште поефикасна контрола на квалитетот на горивата

Sase Ivanovski

Претрес во валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Уапсен е охриѓанец, возел со 1,54 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Урсула фон дер Лајен е прогласена за виновна – аферата „Фајзергејт“ ја тресе Европа

Sase Ivanovski

Се одржа првото евровизиско полуфинале, Шведска е фаворит во обложувалниците!

Sase Ivanovski

СДСМ: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Во Косово уапсен Дритон Ибиши, член на групата „Грчец“ кој се бараше со меѓународна потерница

Sase Ivanovski

СДСМ: Во угостителски објект во Прилеп фрлена е бомба, бараме разрешување на началникот и командирот

Sase Ivanovski

Левица тврди дека Тошковски бил адвокат на фирмата „Ал Дарив“, која добила сомнителен тендер од МРТВ

Sase Ivanovski

Спасовски: Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не гласаа и не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудството ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Инјектирани нови 41,2 милиони евра во домашната економија, исплатена третата транша од унгарскиот заем наменет за компаниите

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Sase Ivanovski

Владата не размислува да ги намали цените на патарините, туку како подобро да ни ги наплати!

Sase Ivanovski

Нетанјаху го обвини францускиот претседател Макрон дека „застанал“ со Хамас

Sase Ivanovski

Обвинувања за „бугарски воз“ на изборите во Албанија

Sase Ivanovski

Одбранбените линии кај Покровск под притисок – Украина во тешка позиција

Sase Ivanovski

Супстанца што предизвикува рак на бубрезите откриена во овошје од Шпанија

Sase Ivanovski

ЕУ: Намалување на илегалните влегувања на мигранти од почетокот на 2025 година

Sase Ivanovski

Им се расипа ли дигитронот? Сè уште не се знае кој е најрепрезентативниот синдикат во земјава!?

Sase Ivanovski

Кривична пријава за главниот инспектор на Одделение за лично обезбедување на министри поради лажирање на работни часови

Sase Ivanovski

Сиљановска не успеа да го искористи политичкиот капитал

Sase Ivanovski

Иран би можел да создаде нуклеарен конзорциум со земјите од Заливот

Sase Ivanovski

Папата Лав XIV повика на дијалог за мир: Оружјето мора да замолчи

Sase Ivanovski

Увозниците на месо го уништија српското свињарство

Sase Ivanovski

Десетици жени и деца загинаа во нов бран израелски напади во Газа

Sase Ivanovski

Бугарската Влада ги батали државните продавници со евтина храна

Sase Ivanovski

Албански државјанин се обидел да прошверцува 412 литри гориво од Македонија во Албанија

Sase Ivanovski

Ја води ли Виктор Орбан Унгарија кон диктатура?

Sase Ivanovski

Русија се уште не потврди дали Путин ќе се сретне со Зеленски во Истанбул

Sase Ivanovski

Најмалку 16 повредени во украинскиот напад врз Белгордската област

Sase Ivanovski

Киев: Русија се подготвува за голема офанзива

Sase Ivanovski

ЕК: Внимателно ќе ја проучиме одлуката на Судот и ќе решиме за следните чекори

Sase Ivanovski

Трамп до Ал Шара: Можете да направите нешто историско во Сирија

Sase Ivanovski

Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник

Sase Ivanovski

СДСМ: Сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци се новите специјализанти во Клиничката болница – Штип

Sase Ivanovski

Адвокатката Јошевска-Анастасовска: Наместо врескање кога треба и не треба, со ладна глава да се види каква е праксата во ЕУ за несреќи со смртни последици

Sase Ivanovski

Изборот на нов гувернер на Народната банка на 20 мај на пленарна седница, ќе се испочитува рокот, најави Мицкоски

Sase Ivanovski

Трамп: Незнам дали Путин ќе дојде на преговорите во Турција

Sase Ivanovski

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Царината спречила шверц на лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, цигари…

Sase Ivanovski

Попладнево протест за Фросина: Тодор Кулаков обвинува за криминален инженеринг

Sase Ivanovski

Ниту еден судија од Велес не прифатил привремено да суди во Кочани, Судскиот совет ја избра Емине Калач

Sase Ivanovski

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола

Sase Ivanovski

Камбовски: Делегирањето на судијката од Велес ќе ја ублажи состојбата со недостиг на судии во Кочани

Sase Ivanovski

Малолетен пешак прегазен во Скопје

Sase Ivanovski

Макрон: Франција е подготвена да распореди нуклеарно оружје низ цела Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Се проширија монтирани фотографии од визи на Заев и Филипче

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Многу скоро ќе се потпише меѓувладин договор за инвестиција, во прашање се денови

Sase Ivanovski

Мицковски- Сите кандидати за гувернер се вонсериски ,на 20 ти овој месец во парламентот ќе биде избран новиот

Sase Ivanovski

Потпреседателката на Движењето ЗНАМ за наша Македонија во посета на Кочани.

Sase Ivanovski

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ!

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: На виралното видео Макрон не крие „ќесичка кокаин“ туку обично хартиено марамче за нос

Sase Ivanovski

Вистиномер: Измислен цитат му се припишува на Фидел Кастро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата инвестира во здравството и образованието, се градат нови патишта и спортски сали

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Ристески: Таравари се враќа во прегратките на луѓето кои го осакатија државниот буџет во изминатите години

Sase Ivanovski

Вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија е изнесена на виделина – денес, промоција во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

Петровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција

Sase Ivanovski

Студио 10 – Разговор со Златко Перински

Sase Ivanovski

Петрушевски: Нема среќа врз туѓа несреќа!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најдобрата работа е да бидеш зафатен…

Sase Ivanovski

Какви се цените на ист производ кај нас, во сосдеството и ЕУ?

Sase Ivanovski

ВРХОВЕН НА 7 МАЈ ЈА УКИНАЛ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА ВАСИЛ ЗА ДИЛАЊЕ ДРОГА Возачот што ја усмрти Фросина немал правосилна пресуда против него како отежнителна околност

Sase Ivanovski

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, некои Европејци забораваат кои биле лошите момци…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арапски коњи ја придружуваат поворката на Трамп по пристигнувањето во Саудиска Арабија со Илон Маск…

Sase Ivanovski

Папата Лео, во првиот познат разговор со странски лидер, разговара со украинскиот Зеленски…

Sase Ivanovski

Индија го прекина молкот откако авионот Рафал, наводно, бил соборен од пакистански ловец од кинеско производство…

Sase Ivanovski

Прекрасната канцелариска зграда „Ананас“ во Синисело Балсамо, во близина на Милано, Италија…

Sase Ivanovski
Вчитувам....