Шефот на јеменскиот Врховен револуционерен комитет на Хутите, Мохамед Али ал Хути, денеска изјави дека групата ќе го оцени прекинот на „агресијата“ на Соединетите Американски Држави против Јемен. Ал Хути во објавата на Платформата X рече дека милитантната група ќе продолжи да ја поддржува Газа за да се стави крај на војната во областа, што укажува дека примирјето со САД не вклучува запирање на нападите врз Израел.
„Откако американскиот претседател Доналд Трамп го објави крајот на американската агресија против Јемен, тоа прво ќе биде оценето на терен. Тоа е победа што ја дели американската поддршка за привремениот ентитет од неуспехот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и тој мора да поднесе оставка“, рече Ал Хути.