Во изјавата за новинарите денеска во Овалната соба, Трамп рече дека по прекинот на огнот ќе следи договор за поделба на украинската територија меѓу Москва и Киев. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува многу брзо да се договори за целосен прекин на огнот во Украина, објави Си-Ен-Ен. Во изјавата за новинарите денеска во Овалната соба, Трамп рече дека по прекинот на огнот ќе следи договор за поделба на украинската територија меѓу Москва и Киев.
– Во моментов се водат преговори за договор, конкретно за поделба на територијата. За тоа се преговара токму сега, додека зборуваме овде – рече Трамп, кој разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела.