Српскиот гигант Црвена Звезда денеска прослави јубилеј по повод 80-годишнинатан а клубот, а водечките структури на клубот подготвија специјални плакети за луѓето кои низ историјата оставиле свој белег. Единствен претставник од Македонија беше Бошко Ѓуровски кој доби награда за животно дело за 2024 година, Јасна Шаќири помеѓу дамите го доби истото признание.
„Чест и гордост е што ја добив оваа награда за животно дело. Црвена Звезда ја препозна мојата љубов кон клубот и сум благодарен поради тоа. Оваа награда ќе ја паметам до крајот на животот затоа што Црвена Звезда е мојата судбина“, изјави Ѓуровски.
Низ играчката кариера Црвена Звезда Бошко кој по потекло е од тетовското село Жилче како и неговиот брат Милко, црвено-белиот дрес го носеше цели 11 години. Исто така подоцна доби прилика и да биде тренер на својот омилен тим.