Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите од пожарот во Кочани. Упатуваме голема благодарност до сите кои донираа и ве информираме дека сме во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за настраданите од пожарот во Кочани – се вели во соопштението.
Црвениот крст соопшти дека во текот на вчерашниот ден беше дел од организацијата на погребите на трагично загинатите лица од пожарот во Кочани. Вкупно 165 волонтери беа ангажирани како тимови за прва помош и психолошка поддршка, беа поставени пунктови и се даваше логистичка поддршка на сите места каде се извршија погребите, а беше обезбедена и погребална опрема, како и транспорт за починатите.
View this post on Instagram