Центарот за управување со кризи соопшти дека до доцните вечерни часови скопските и кумановските пожарникари имаа акции за гаснење на пожари на отворено и успешно се справија со огнот. Во гаснењето на пожарите помогнало и месното население, коешто со трактори вршеше пресеки на одредени ниви со сува вегетација.
„Три екипи на противпожарната единица со три возила и единаесет пожарникари интервенираа на потегот помеѓу кумановските села Агино, Брзак, Романовце и скопското Дељадровце. Други екипи вкупно две возила и петмина пожарникари гасеа пожар во атарот помеѓу липковско Лојане и кумановското Табановце.
Како што информираше ЦУК, во кумановските села Агино, Брзак и Романовце, гореше стрниште сува трева, жито. Поради претходно обилни дождови тревата е висока и го отежна гасењето.
Пожарот избувнал нешто по 14 часот а целосно е изгаснат во 21.
Во липковско Лојане и кумановско Табановце била зафатена сува трева, стрништа.
Пожарникарите се вратија во своите бази.