Утрово активни се 13, врз коишто од рани зори противпожарно се дејствува по земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се во моментот на располагање и домашни и од другите земји кои испратија противпожарни летала како помош во кризната состојба заради пожарите од поголеми размери во Македонија.Од вкупно пожари на отворен простор 24, утрово вкупно активни се 13, во:
-Општина Неготино: с.Калањево (каде што гориниско стеблеста шума и грмушки);
– Општина Гевгелија: Помеѓу с.Негорци и с.Кованец (мешана шума);
– Општина Радовиш: кај с.Штурово (Ниско стеблесна шума);
– Општина Чашка: с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација)
-Општина Росоман: с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
– Општина Студеничани: место викано Бегово Поле (ниска вегетација и шума);
-Општина Зелениково: с.Вражале (ниска вегетација и шума);
– Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепи (ниска вегетација и грмушки);
-Општина Чашка: с.Габровник префрлен пожар од с.Слепче, (мешана шума и ниска вегетација);
– Општина Долнени с. Слепче и с.Гостиражни (ниска вегетација и дабова шума);
-Општина Ново Село: над с.Бадилен (дабова шума и борова шума)
-Општина Конче: кај с Горни и Долни Липовиќ (нискостеблеста шума) и во
– Општина Делчево (се уште гори градска депонија).
Вкупно изгаснати се 11 пожари на отворено, во општоните:
– Општина Битола: кај месноста „Гермаски гробишта“ над нас. „Баир“ (каде што гори ниска вегетација и шума);
-Општина Крушево: градска депонија (борова шума и ниска вегетација);
-Општина Аеродром: во реон на нас.Лисиче (ѓубре);
– Општина Арачиново: с.Арачиново (ниска вегетација);
– Општина Зелениково: с Дејковец ( високостеблеста вегетација);
– Општина Кавадарци: кај с.Шивец (ниска вегетација);
– Општина Росоман: с.Трстеник (ниска вегетација)
– Општина Штип: с.Радиње (стрниште)
-Општина Пробиштип: с.Лезово (ниска шума и грмушки)
-Општина Тетово: кај „Палма Мол“ (ѓубриште) и во
– Општина Гостивар: кај нас. „Питарница“ (ѓубриште)