„Општина Чаир и нејзините жители, соочени со една политичка провокација каква не се памети од порано, внимателно следејќи ги движењата, дејствијата, релациите и изјавите на политичките чинители, со жалење констатира дека ЧАИР Е ПОД ОПСАДА! Општина Чаир изразува разочарување поради фактот што г-ѓа Арсовска, во последните месеци од нејзиниот мандат на чело на Градот Скопје, наместо да се фокусира во презентација на сработеното во изминатите четири години, дозволи да биде инструментализирана и да се претвори во извршител на сомнителни политички агенди, кои не случајно го одбраа токму Чаир и неговите жители да ги бијат нивните последни политички битки.
Граѓаните очекуваа од г-ѓа Арсовска да биде гласот на умереноста, мостот што поврзува и промотер на дијалогот помеѓу заострените страни. Како независен градоначалник на Градот Скопје, нејзиниот глас требаше да биде сервис на граѓанинот во потреба, не на политичките партии, на процесот на легализација како елементарна неопходност, не како луксуз. За жал, г-ѓа Арсовска дозволи нејзиниот авторитет да биде срушен претворајќи се во параполицаец кој дејствува спротивно на законот и надвор од своите овластувања. Јавно ја прашуваме г-ѓа Арсовска: чија политичка агенда спроведувате? Кого се обидувате да го спасите од правдата произведувајќи кризи таму каде што ги нема?
И даваме до знаење на г-ѓа Арсовска дека Чаир се сеќава. Чаир и чаирчани паметат и времиња кога службената политика го беше претворила Чаир во гето, а чарчаните во граѓани од втор ред. Сликите кои што ги приреди г-ѓа Арсовска како забава за масите, во меморијата на Чаир ги вратија настаните од крајот на 80-тите години, кога на Албанците им се рушеа куќите во Дижонска, додека политичарите Албанци се криеја некаде низ „сараите„ на политиката. Прочитани сте. За оваа опсада на Чаир, нарачателите ќе добијат соодветен одговор многу брзо“, напиша Ганиу на фејсбук.
Градоначалничката на Скопје изминативе денови е во акција на како што ја најави лов на дивоградби во општина Чаир. Таа со документи за кои тврди дека се фалсификат открива новоизградени згради за кои градоначалникот Ганиу дал дозвола да се гради на државно земјиште и со фалсификувани документи истите се запишани во катастарот. Арсовска вели дека градот му има одбиено дури 150 градби да им даде документи за легализација но како што вели крадецот Ганиу ми се заканува мене и на моето семејство и продолжува да гради. Таа тврди дека нема да се уплаши и дека е решена да ги извади на виделина криминалите на градоначалникот на Чаир. Вчера со огласи и обвинителството дека отвара предмет по обвинувањата за криминал во Чаир.