Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Невзати (20) ќе ја претставува Северна Македонија на најпрестижниот избор на убавина – Мис на светот во Телангана, Индија. Изборот ќе трае до 31 мај.
View this post on Instagram
Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот на Мис на светот 2025 година во Телангана, Индија од 7 до 31 мај 2025 година – Убавина со цел. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата Мис Северна Македонија да ја претставам прекрасната култура и наследство на Северна Македонија на глобалната сцена“, напиша таа.
Во декември 2023, Невзати победи на ораторската вечер „Иво Пухан“ која се одржа на Правниот факултет „Јустинијан I“, на тема „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“.
View this post on Instagram