Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, упатувам искрени честитки до сите граѓани по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Овој празник нè потсетува на големината на мисијата на сесловенските просветителски браќа, кои преку создавањето на глаголицата и ширењето на писменоста, оставија длабока трага во историјата на словенските народи.
Како Собрание, остануваме посветени на унапредувањето на образованието, културата и јазичната разноликост, како суштински вредности на едно демократско и напредно општество. На сите ви посакувам празник исполнет со почит кон словенското просветителско наследство и инспирација за нови знаења и духовен напредок.
Африм Гаши
Претседател на Собранието
на Република Северна Македонија