Почитувани здравствени работници, По повод Светскиот ден на здравјето, Фондот за здравствено осигурување упатува искрена честитка до сите вас – наши ценети партнери во здравствениот систем. Вашата посветеност, стручност и човечност се клучни за обезбедување квалитетна и достапна здравствена заштита за сите осигуреници. Заеднички создаваме систем кој се темели на грижа, доверба и одговорност кон граѓаните.
Ви благодариме за вашиот несебичен придонес и за секојдневната заложба за подобро здравје на нацијата.
Со почит,
Фонд за здравствено осигурување на Македонија