Реконструираната сала која треба да ги отвори вратите на стартот од новата сезона, многу веројатно го носи името на Лазар Лечиќ, човекот што зад себе остави неизбришлива трага во македонската кошарка. Оваа информација ја најави градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски на социјалните мрежи.
„Предложив реконструираната сала да го носи името на Лазар Лечиќ, творецот на македонската професионална кошарка, под чие водство Работнички ги освои титулите во 1963 и 1964 година и се пресели во Првата сојузна лига. Среќен сум што ветераните едногласно го поддржаа предлогот, велејќи дека Лечиќ е човекот што не научи да играме со срце и тимски дух. Во знак на благодарност за сѐ што направија, ветераните ќе имаат и своја ложа наменета токму за нив“, стои во објавата на Герасимовски.
Лечиќ е фигура без која не може да се раскаже историјата на македонската кошарка и под негово водство Работнички ги освои шампионските титули во 1963 и 1964 година и го направи првиот голем исчекор во Првата сојузна лига на поранешна Југославија.