53-годишна жена од Скопје вчераутро пријавила во полиција дека претходниот ден била нападната од четворица ученици во училиштето во Центар во кое е вработена, соопшти МВР.
„На 19.05.2025 во 09:05 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(53) од Скопје пријавила дека на 08.05.2025 околу 18.10 часот во ходник од средно училиште на подрачјето на Центар, каде е вработена, била физички нападната од четворица малолетници – ученици во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.