Првите четири банки ќе започнат со извршување на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година. Се очекува и преостанатите осум деловни банки, кои најавија поднесување барања помеѓу јуни и август, исто така да бидат впишани во регистарот на ЕПС и да почнат со работа во рамките на СЕПА до истиот датум.Интеграцијата на македонските банки во европскиот платен екосистем носи многубројни предности за граѓаните и компаниите. Ова пред сѐ значи побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични плаќања во евра, како и поголема економска поврзаност и активност.
Народната банка останува целосно посветена на процесот на интеграција и ќе продолжи редовно да ја информира јавноста за напредокот.Членувањето во СЕПА, како што велат од Народна банка, ќе овозможи побрзо, поефикасно и поевтино извршување на електронските плаќања во евра до која било земја членка на СЕПА и ќе има многубројни придобивки за граѓаните, компаниите, но и економијата на земјата воопшто.Дополнително, членството во СЕПА значи и поголема финансиска интеграција на земјава во ЕУ и исполнување на една од најважните цели на патот кон членство во Унијата.