Вчера во 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај с.Лознани, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,„фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.М.(50) од Битола и патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управуванo од И.С.(26) од Кичево.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола, додека возачот А.М, сопатниците во возилото „голф“ – Џ.М. и малолетник од Битола, како и Х.Т.(25) од с.Староец, кичевско, се здобиле со телесни повреди, информираат од МВР. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.