Тој рече дека не сторил никакво кривично дело, но не сакал скандалот да ѝ наштети на коалициската влада предводена од премиерот Петр Фијала, објави АП.
Фијала рече дека ја прифаќа оставката на Блажек. Блажек беше близок сојузник на Фијала во владата, а исто така и во неговата конзервативна Граѓанско-демократска партија.Биткоините беа донирани на министерството од лице кое претходно беше осудено за трговија со дрога и други кривични дела.
Опозицијата го обвини Блажек за можно перење пари, бидејќи потеклото на биткоините не беше јасно, ниту пак причината зошто тоа лице ги донирало биткоините на министерството.Случајот го истражуваше одделот за организиран криминал на полицијата. Парламентарните избори во Чешка се закажани за 3 и 4 октомври оваа година.