По неколкумесечни граѓански протести во Србија, на кои се собраа илјадници незадоволни граѓани низ целата земја, политичката сцена останува длабоко поделена, а насоката на понатамошниот развој е неизвесна.Иако демонстрациите започнаа како мирен израз на незадоволство од владата и повик за институционални промени, последниот митинг на Видовден донесе дополнителни тензии и отвори нови прашања за иднината на движењето и политичките алтернативи, пишува нова.рсВо таков амбиент , изјавата на рускиот ултраконзервативен идеолог Александар Дугин привлече внимание.
За жал, во време на поделби во општеството, Вучиќ може да смета на поддршката од своите соработници и моќна поддршка од Москва. Сепак, опасен сигнал дојде од главниот идеолог на рускиот крајно десничарски круг, Александар Дугин, кој во програма на радио „Спутник“ изјави:„Легитимитетот на Вучиќ исчезна. Сите Срби сакаат Вучиќ да си замине… Мислам дека овие протести се насочени кон тоа Вучиќ едноставно – да исчезне. Нема компромис, Вучиќ мора да си оди.“Таквата изјава, од руските ултраконзервативни кругови, јасно зборува за слабоста на позицијата на Вучиќ – внатрешно колку и надворешно, пренсува нова рс.
Што е следно — Демократијата на Вучиќ без алтернативи
Се чини дека Белград е на клин помеѓу цврстиот отпор и чувството на граѓанска војна. И најголемиот проблем останува: протестите не развија јасна политичка алтернатива.
Не е доволно само да се собори Вучиќ — потребна е нова политика, нов лидер.Во моментов, опозицијата стои покрај студентите, без силни барања, без суштинска програма. И во тој вакуум, прашањето останува: кој ќе го наследи Вучиќ?, наведува нова рс