Човекот кој Скарлет Јохансон еднаш го обвини дека ја прогонува е уапсен поради закана дека ќе активира бомба, пренесува „Е! Њуз“. Мајкл Бранхам, кој беше уапсен од њујоршката полиција во средата, наводно се заканил дека ќе активира бомба поставена во студиото „Сабота вечер во живо“ (Saturday Night Live), каде со години работи Колин Џост, кој е во брак со Јохансон од 2020 година.
Тој се изјасни за невин
Бранхам на сослушувањето се изјаснил за невин за инцидентот и за заканата со бомба. Наводно, Бранхам испратил дојава за бомба до колеџот во Конектикат, што администраторот набрзо пријавил во полиција. Човекот бил задржан со кауција од 100.000 долари. Потсетуваме дека во ноември 2023 година, Јохансон побара забрана за приближување од страна на Мајкл Бранхам во Калифорнија. Никогаш не е официјално потврдено дека се работи за истиот човек кој ја упатил заканата со бомба, иако тие имаат исто име и иста возраст. Актерката во документите навела дека Бранхам ја демнел од август 2022 година.
Судот го одби барањето на Скарлет Јохансон
Судот минатата година го одби нејзиното барање, тврдејќи дека обвинетиот никогаш не ги добил документите. Адвокатот на Скарлет тогаш наводно потврдил дека не успеале да ги достават навремено.