Рускиот претседател Владимир Путин денеска го назначи директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитриев, за специјален пратеник за меѓународна економска и инвестициска соработка, јави „Ројтерс“. Назначувањето на Дмитриев, кој е дипломец на американскиот универзитет Стенфорд и важи за еден од членовите на руската елита кој најмногу ја разбира Америка, дојде по преговорите меѓу Москва и Вашингтон во Ријад околу ставањето крај на војната во Украина, што беше прва средба на највисоките функционери на двете земји откако Русија ја почна инвазијата врз Украина во 2022 година. Името на Дмитриев и досега се поврзуваше со тајната организација на средбата во Ријад, која ја иницираа американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. „Ројтерс“ пред две недели пишуваше дека Дмитриев, заедно со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, биле клучните луѓе кои посредувале за ослободувањето на американскиот наставник Марк Фогел од руски затвор и размената на затвореници која го најави доближувањето на САД и Русија. Америка, исто така, бара приходи од пристаништата на Украина и друга инфраструктура Заедно со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и со помошникот на претседателот и советник за надворешна политика во Кремљ, Јуриј Ушаков, Дмитриев учествуваше на разговорите одржани минатата недела во главниот град на Саудиска Арабија. Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) во соопштението рече дека Дмитриев „ќе продолжи да ја развива инвестициската и економската соработка со двете земји од глобалниот југ и западните земји, вклучително и Соединетите држави“.Подарок од Путин за Трамп на средбата во 2018 година / Фото: EPA / Anatoliy Maltsev
Трамп очекува тој и Путин да се сретнат кај заедничките пријатели – во Саудиска Арабија. Американскиот претседател Доналд Трамп им изјави на новинарите дека ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија, откако претходно во телефонски разговор се договориле веднаш да започнат преговори за ставање крај на војната во Украина, јави „Ројтерс“.