Со својот добро познат хумор, списанието пишува: „Првиот што ќе го пронајде датумот на смртта на Хамнеи добива патување во Техеран“, во време кога самиот Хамнеи е во центарот на воените случувања и, според израелските претставници, е една од главните цели на владата на Нетанјаху.
На 7 јануари 2015 сатиричниот неделен магазин беше мета на тројца маскирани напаѓачи, кои вооружени со автоматски пушки, упаднаа во седиштето на „Шарли Ебдо“ во Париз при што загинаа најмалку 12 луѓе, вклучувајќи и два припадници на полициските сили, како главниот уредник Стефан Шарбоније и тројца водечки карикатуристи. Причина за нападот на овој весник се карикатурите и шегите со пророкот Мухамед кои често ги објавува „Шарли Ебдо“, а кои се навредливи за некои муслимани.