Денес одбележуваме јубилеј на еден од столбовите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Еден од најстарите три факултети во Скопје, кој од основањето и започнувањето со работа, перманентно се организира и усовршува како комплетна наставно-научна установа. Тој денеска е меѓу водечките високообразовни институции кои активно ги следат глобалните трендови во областите во кои делуваат, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири за време на манифестацијата организирана по повод 75 години постоење на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“. „Факултетот има поставено високи академски стандарди за стекнување на знаења и вештини во согласност со потребите на општеството и проектираниот национален развој. Наставно научниот персонал е за секоја пофалба – максимално посветен на образовниот процес и активен во научно – истражувачката дејност“, рече Шаќири.Тој шотенцираше дека на факултетот се едуцира кадар кој е навистина потребен и изрази надеж дека интересот за овој тип на студии ќе расте во иднина, за што, како што рече, во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од оваа година се воведува нов тип на стипендии за студенти запишани на студии од областа на шумарските науки. „Стипендиите се стимулативни, затоа што износот е 18.000 денари на месечно ниво, за 9 месеци во годината. И тоа е одлична можност за младите, првенствено да одберат вистинска струка во која ќе можат лесно да се вработат, а притоа, нивната едукација да биде финансиски поддржана и олеснета. Сигурен сум дека понудената квота ќе биде целосно искористена, а ние како институции ќе се задолжиме да одржиме континуитет на нивното доделување секоја следна академска година“, нагласи минитерот, додавајќи дека на државата и требаат сé повеќе инженери, еколози и хортикултуристи и дека тоа со заеднички напори е остварливо. Шаќири истакна дека Факултетот „Ханс Ем“ во целост ја исполнува мисијата заради која е основан и целта на образованието и посака во иднина да бидат прославени уште многу нови јубилеи и успеси.
Најново
Мицевски: Во Собранието се прави политиканство на болна тема, СДС, Левица и ДУИ бараа Кочани да биде прва точка, а гласаа против дневниот ред
ПОМАЛКУ ПАРИ ОД СТРАНСТВО, РАСТ НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО, НО И РАСТ НА БУЏЕТОТ – еве ги Фискалните планови до 2030 година
ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Поднесовме барање за информации од јавен карактер до Министерството за транспорт за „Вардарска долина“ и трасата на брзата пруга
(ВИДЕО) Талески: Сите гледаме како одговорност се бара кај келнери, кај диџеи, кај обезбедување, но обвинителството е слепо за оние над нив
По 35 милиони евра за километар автопат?! Славески: Сумата за Бехтел и Енка ќе биде поголема од 1,3 милијарди евра
Арсовска: За 5 минути ВМРО ќе ме однесеа во затвор ако имаше постапка досега. Орце џабе ти се нарачките на текстови против мене
Адеми: Оваа земја не им припаѓа ниту на оние што пцујат, ниту на оние што делат. Ова место припаѓа на сите
КЗК: Вишиот управен суд потврди решение со што се утврди дека големи веледрогерии склучиле забранет договор
Филипче од Атина: Работниците мора да знаат дека само со социјалдемократија нивните права и стандард ќе растат
СДСМ: Срамота е Славески кој е цел живот во фотелји да им порачува на граѓаните да работат по 2-3 работи
Во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс, ревизорите утврдиле недоследности во неговото работење
Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на демонстрантите да се разотидат
Пецаков: За средствата од Владата за општините аплициравме со 24 проекти и добивме околу 9 милиони евра
Во сенката на пеколот, се роди човечност: Преживеаните од Кочани зборуваат за бугарските лекари кои им ги спасија најмилите
АРСОВСКИ: Аценце, те чекам на ТВ дуел, а во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто дадено на маслиново масло Алфа ТВ
АКО ДОБИЕТЕ 100.000 ЕВРА ПОМОШ, ДАЛИ БИ СЕ ВРАТИЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Еве што ни одговорија граѓаните…
Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година од Втората светска војна
Градоначалникот Николов ги отфрла обвинувањата: Кривичната пријава е политички мотивирана, општината немаше допир со плаќањата
МВР донесе „Проценка од закани од сериозен и организиран криминал – СОКТА 2025“ – стратешки документ за борба со организираниот криминал
Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени се доживотни признанија, израз на почит и благодарност, а не симболика
Вчитувам....