Најголем дел од медицинските сестри кои заминуваат на работа во странство, освен подобра плата бараат и подобри услови за работа. Според Нурс.орг, Швајцарија е најдобрата земја за медицински сестри. Иако има значителен недостиг на медицински сестри во Швајцарија, услов е сите апликанти да знаат течно еден од националните јазици (италијански, француски и/или германски). Нема исклучок од тоа. Секако, целиот процес на вработување може да потрае неколку месеци. Годишната плата за медицинските сестри во Швајцарија е околу 102 илјади евра.
Поради малата големина на земјата и законите за „даночен рај“, многу е тешко да се најде работа како медицинска сестра во Луксембург, а годишната плата е околу 95 илјади евра. Постојат три различни начини за аплицирање – за поединци од нордиските земји, земјите членки на ЕУ и сите останати. Интересно е тоа што ако имате над 75 години, не смеете да работите како медицинска сестра во Данска затоа што тоа го пропишува данскиот закон. Годишната плата за медицинските сестри во Данска е околу 85 илјади евра. Доколку барате опуштена островска атмосфера, а во исто време сакате да заработите добри пари, тогаш Девствените острови се идеалната локација за вас. Некои острови имаат повисока просечна плата, како што е Св. Кроа, а годишната плата за медицинските сестри на Девствените острови е околу 81 илјада евра.
За да работат во Австралија, странците мора да аплицираат за виза со целосни работни права, како и валидна регистрација во австралиската агенција за регулирање на здравствените лекари. Годишната плата за медицинските сестри во Австралија е околу 74 илјади евра. Норвешка има еден од највисоките животни стандарди во светот, како и задоволство од работата кај медицинските сестри. Но, поради зголемувањето на возраста на населението, се забележува зголемен пораст на здравствените проблеми. Годишната плата за медицинските сестри во Норвешка е околу 70,5 илјади евра годишно. Ова во моментов е едно од најбогатите и најлуксузните места во светот, а платите на меѓународните медицински сестри таму се сериозно зголемени и изнесуваат околу 70 илјади евра, набројува Н1 Хрватска.